ОСУМЧЛЕНОТО СЛЕПО СЕМЕЈСТВО ОД ВРАГОТУРЦЕ ДОБИ ШПОРЕТ НА ДРВА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОСУМЧЛЕНОТО СЛЕПО СЕМЕЈСТВО ОД ВРАГОТУРЦЕ ДОБИ ШПОРЕТ НА ДРВА

    Хуманитарната организација „Крепост“ од Куманово подари шпорет на дрва и поголема количина на друга хуманитарана помош на семејството осумчленото слепо семејство Младеновски од планинското село Враготурце во пресрет на новогодишните празници. Членовите на организацијата се организираа да помогнат откако на САКАМДАКАЖАМ.МК беше објавена приказна за тешкиот живот на ова осумчлено семејство, кое живее во голема сиромаштија.

    „Семејството ни кажа што им е најпотребно во овие зимски денови и од парите што ги донираа граѓаните купивме шпорет. Исто така, собравме и храна, облека, средства за хигиена, постелнина и обувки, кои ги подаривме на семејството“, изјави Христијан Георгиевски, претседател на „Крепост“.

    Помошта ја прими Новко Младеновски, кој има целосно оштетување на видот. Тој со солзи во очите се заблагодари на граѓаните.

    „Многу ни значи оваа помош бидејќи шпоретот што го имаме дома е скршен и не грее. Многу сум благодарен, бидејќи живееме во празна куќа. Ни недостасува се, а најмногу некој душек, кревет, немаме садопер, машина за перење“, вели Новко.

    Таткото Новко ја прими донацијата од „Крепост“, во која покрај шпоретот, имаше и храна, облека, средства за хигиена, постелнина, обувки.

    Таткото Новко ја прими донацијата од „Крепост“, во која покрај шпоретот, имаше и храна, облека, средства за хигиена, постелнина, обувки.

    Семејството Младеновски покрај финансиски и здравствени проблеми, мака мачи и како да ја одведе на училиште осумгодишната Елеонора, која треба да помине десетина километри за да стигне во соседното село Пелинце. Откако неколкупати биле одбиени за социјален стан, а општината Старо Нагоричене не обезбедила превоз за детето, тоа секојдневно пешачи по неколку часа по непристапниот терен за да присуствува на настава. Објавувањето на приказната предизвика големи реакции во јавноста, но не и кај надлежните институции.

    „Никој од државата не се јави да ми понуди помош, ниту за стан, ниту за превоз на детето. Тоа секојдневно патува, нема кој да го води, лоши времиња се, студено време, дожд, јас сум слеп човек. Се јавија за сместување во интернатот во Драгоманце, но на детето му треба постојана грижа бидејќи е со посебни потреби. Превоз нема, па детето оди пешки, а превозникот ги зема парите“, вели Новко.

    Градоначалникот на Старо Нагоричане вели дека проблемот ќе се реши за време на распустот и во второ полугодие детето ќе добие посебен превоз.

    Покрај од „Крепост“, се јавија и други граѓани што понудија помош, а еден нашинец од Швајцарија е подготвен да плати кирија за стан за една година на семејството за да детето биде поблиску до училиштето.

     

    disklejmer-prikazni-23734

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира