Скопските кафулиња „Интермецо“ и „Мош“ од вчера се затворени и нема да работат наредните 10 дена. Откако помина викендот и ги направија првоаприлските журки и концерти, вчера конечно по десет дена криење, газдите на кафулињата ги примиле решенијата за затворање од Пазарната инспекција и самите ги затвориле објектите.
Двете кафулиња на нивните страни на социјалните мрежи вчера објавија дека нема да работат до 12 април.
„Решението е за затворање од 10 дена и доколку во меѓувреме отворат, тогаш ќе им се издаде ново решение за затворање од 10 дена од денот на изрекување. Тогаш ќе следи и пломбирање, сега локалите се само затворени”, вели директорот на Пазарната инспекција Горан Трајковски.
„Интермецо“ и „Мош“ се затворени бидејќи не го почитувале дозволеното работно време, односно ечела музика и после еден часот по полноќ.
А. АНТЕВСКА