ОТПРЕМНИНАТА ЗА ПОЧИНАТ ПЕНЗИОНЕР ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ОД 35.000 НА 50.000 ДЕНАРИ, ПОБАРАА НА ПРОТЕСТОТ ВО ШТИП

    ОТПРЕМНИНАТА ЗА ПОЧИНАТ ПЕНЗИОНЕР ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ОД 35.000 НА 50.000 ДЕНАРИ, ПОБАРАА НА ПРОТЕСТОТ ВО ШТИПНа пензионерскиот собир во Штип се побара оставка од актуелната претседателка на Сојузот на пензионерите на Македонија, Станка Трајкова. (Фото: СДК.МК)

    На денешниот собир на пензионерите во Штип беше побарано зголемување на отпремнината за починат пензионер од 35.000 на 50.000 денари, како и неотповиклива оставка на претседателката на Сојузот на пензионерите Станка Трајкова и поради нејзината неотчетност за тоа каде се трошат нивните пари. На протестот присуствуваа пензионери од десетина градови во Македонија меѓу кои и пензионери од Скопје и од Струга. Беше речено дека интерес пројавиле и од други здруженија, но поради немање на средства за патување го откажале присуството.

    „Бараме да нема таков драстичен распон на минималната пензија од 14.000 денари со минималната плата која е двојно повисока. Исто така, процент од нашата членарина треба повратно да се враќа во нашите здруженија кои ќе бидат наменети за активност, а отпремнината за починат пензионер од сегашните 35.000 денари да се зголеми на 50.000 денари“, побараа пензионерите кои, како што рекоа, уште го чекаат одговорот од Сојузот на пензионерите и надлежните институции дали и колку средства се одлеваат на пензионери во Косово.

    Трајче Станојков, пензионер од Свети Николе, Добре Илиевски пензионер од Гази Баба, Живко Михајлов од Општина Конче и Трајче Митев од Штип, поради игнорантскиот однос кон нив од Трајкова уште еднаш побараа нејзина неотповиклива оставка, демократски избор на нов претседател со учество на сите здруженија на пензионерите, а не како досега со политичко назначување.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира