За нецели пет месеци, полицијата и Државниот инспекторат за земјоделие одзеле 122 килограми риба и 220 рибарски мрежи во должина од 23 километри од фатените рибокрадци на охридско-струшкиот брег.
„Од почетокот на оваа година, на охридско-струшкото крајбрежје се реализирани околу 80 контроли, при што се затекнати повеќе лица како вршат незаконит риболов. Од нив, тројца се приведени и се пронајдени и одземени околу 300 парчиња разновидна риба со вкупна тежина од над 122 килограми. Одземени се и околу 220 рибарски мрежи, чија вкупна должина изнесува 23.000 метри, неколку метални чамци и друга рибарска опрема. Рибниот улов и мрежите се предадени во Јавната научна установа Хидробиолошки завод Охрид”, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Д. ЧУБРИЌ