Кран висок повеќе метри паднал врз објект во градба во поранешната битолска Касарна. Од СВР Битола потврдија дека несреќата се случила попладнево околу 14 часот и дека има повредени. Полицијата не даде бројка колку лица се повредени и за какви повреди се работи.
Од Битолската болница ни изјавија дека досега нема донесено повредени.
За време на несреќата на објектот работници изведувале градежни работи.
Кранот оштети и дел од објектот во градба.
На просторот од поранешната битолска касарна се гради комплекс згради и трговски центар.
Ж. ЗДРАВКОВСКА