ПАЛЕЈЌИ СУВИ ГРАНКИ И СТРНИШТА, ДВАЈЦА БИТОЛЧАНИ ЗАПАЛИЛЕ ДАЛНОВОДИ ЗА СТРУЈА

    ПАЛЕЈЌИ СУВИ ГРАНКИ И СТРНИШТА, ДВАЈЦА БИТОЛЧАНИ ЗАПАЛИЛЕ ДАЛНОВОДИ ЗА СТРУЈАОд СВР Битола апелираат до земјоделците, но и до сите други граѓани да не палат стрништа и друг отпад кои брзо можат да се прошират. (Фото: СДК.МК)

    За два дена битолската полиција поднесе две кривични пријави за предизвикување пожар против лица кои се сомничат дека палеле сиви гранки и стрништа, а пожарите зафатиле и далноводи за пренос на електрична енергија.

    Едниот предизвикувач на пожар е Б. Н. (60) од Кукуречани, Битолско, кој на 18 февруари во атарот на селото запалил стрниште при што настанал пожар во нива кој зафатил и далновод. Другото лице Х. П. (58) е жител на Трново и се сомничи дека вчера во дворот на неговата куќа во селото запалил оган од суви гранки, при што огнот се проширил кон соседниот двор и му ги изгорел дрвјата на соседот, дел од шталата, нивата и далновод за пренос на електрична енергија.

    Двајцата предизвикувачи на пожарите ги признале делата.

    Од СВР Битола апелираат до земјоделците, но и до сите други граѓани да не палат стрништа и друг отпад кои брзо можат да се прошират, особено ако времето е ветровито. Во спротивно ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со соодветни поднесоци зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

    „Во периодот на започнување на првите подготовки за претстојната пролетна сеидба, кога има зголемена раздвиженост на нивите и интензивно чистење на отпадоците, забележани се појави на палење на стрништа и сува вегетација (трева, жбунови и слично), најчесто без непосредна контрола со што се предизвикуваат несакани последици“, велат од СВР Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира