КАЗНА ОД 1.000 ЕВРА ЗА АДВОКАТОТ КОЈ ГИ ОДЛАГА РОЧИШТАТА ЗА СЛУЧАЈОТ СО РОДИЛКАТА ВЕАПОСКА ОД ДЕБАР, СУДОТ ГО КАЗНИ И ЗА ОДЛАГАЊЕТО НА РОЧИШТАТА ВО КОИ Е ОБВИНЕТ МЕРКО

    КАЗНА ОД 1.000 ЕВРА ЗА АДВОКАТОТ КОЈ ГИ ОДЛАГА РОЧИШТАТА ЗА СЛУЧАЈОТ СО РОДИЛКАТА ВЕАПОСКА ОД ДЕБАР, СУДОТ ГО КАЗНИ И ЗА ОДЛАГАЊЕТО НА РОЧИШТАТА ВО КОИ Е ОБВИНЕТ МЕРКОАдвокатот Игор Петковски е казнет со 1. 000 евра оти постојано ги одлага рочиштата, а судот определи и нов бранител за да не се дозволи да застари делото поради неодржување на рочиштата. (Фото: СДК.МК)

    Адвокатот Игор Петковски, застапник на обвинетиот лекар Мухамед Асани за случајот со родилката Јилдиз Веапоска  од Дебар кој скоро пет години е заглавен во судниците во Струга, е казнет со 1. 000 евра оти постојано ги одлага рочиштата. Судот поради повеќекратните одлагања определи и нов бранител за да не се дозволи да застари делото поради неодржување на рочиштата.

    „На ваков начин нема да може да се пролонгира, бидејќи во случај на неможност било кој од другите да дојде, бранителот може да ги застапува и да ги брани интересите на на кој било о0д обвинетите“, кажа судијата Јордан Јованов.

    Истоштена и физички и психички оштетената Веапоска, денеска повторно низ солзи се потсети на денот кога породувањето остана без матка, јајник и бубрег.

    „На 27 август 2020 година се случи кобниот ден кога наместо да се радувам на породувањето и да добијам женско дете и да заминам дома здрава права, со сите органи јас го оставив тоа бебе со плачење во таа болница во Струга за да ме однесат со болничка кола во Скопје на Клиника на КАРИЛ каде бев во кома. Тоа беше хорор, тоа беше страшно“, раскажа Веапоска.

    Таа стравува дека ќе нема пресуда до август следната година кога застарува делото. Повторно најави протести пред струшкиот суд, во Дебар и пред Кривичен суд во Скопје, а рече дека правдата ќе ја бара и во Стразбур.

    „Адвокатот на Асани си игра со мојата судбина, со мојата психолошка состојба. Не е фер повторно да не доаѓа на рочишта и да се одлага“, кажа таа.

    За Бајрам Несиноски, еден од граѓаните кој денеска дојде да даде поддршка на Јилдиз, ова е тотален хаос.

    „Бараме правда и ќе одиме до крај. Еден лист хартија нема да го врати она што таа го изгуби но мора да се знае вистината“, вели тој.

    Денеска во Струга се одложи и судењето против бившиот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, повторно од истиот бранител кој барал одлагање. Во овој случај на адвокатот изречена му е парична казна во висина од 1. 000 евра.

    Поради злоупотреба на права што им припаѓаат на странките, истиот адвокат Игор Петковски денеска беше казнет со дополнителни 2. 000 евра за одлагање на две судски рочишта во кои е обвинет поранешниот градоначалник Рамиз Мерко.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира