ПАСКО НЕ ВЕРУВА ДЕКА Е НАЈДЕН ТЕСТАМЕНТОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПАСКО НЕ ВЕРУВА ДЕКА Е НАЈДЕН ТЕСТАМЕНТОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

    Археологот Паско Кузман е убеден дека англискиот академик Дејвид Грант, кој завчера објави дека го пронашол тестаментот на Александар Македонски, е само уште еден романтичар кој сака популарност. Поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство вели дека досега археологијата не потврдила и дека таков документ воопшто постои.

    „Во стручната јавност за наводниот тестамент на Александар Македонски се пишуваше уште пред неколку години и тоа во неколку наврати. Тоа за мене беа романтичари кои си земаа за право да се докажат во научниот свет, иако од сето тоа, ништо не беше точно. Мислам дека тогаш имаше информација дека тестаментот бил пронајден во Италија. Се пишуваше многу околу тоа,но научна потврда дека е тоа тој документ, нема”, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК археологот Паско Кузман по најавата на англискиот стручњак Дејвид Грант дека го пронашол тестаментот на Александар Македонски.

    Кузман има свои видувања околу овие најави дека е пронајден еден од клучните документи на големиот војсководец.
    „Се сè ова хипотетични изјави и повеќето се во сферата на шпекулациите. Зошто го велам ова? Многу археолози во светот за да се стекнат со ореол на големи научници се обидуваат да најдат нешто специфично поврзано со Александар Македонски. Мислам дека и во овој случај е така. Некој ќе пронајде некој документ и тоа ќе го наслови како тестамент на Александар Македонски. А доказ за тоа дека е тоа оригиналот, нема. Досега археологијата не потврдила и дека таков одокумент воопшто постои”, вели Кузман.

    Тој вели дека сè уште го држи идејата дека ќе го пронајде гробот на Александар Македонски.
    „Јас тоа го кажав пред неколу години и од тоа не се откажувам. Сега работам на археологијата повеќе од кога и да е”, порача помалку загадочно Паско Кузман.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира