Жител на тетовското село Челопек кој бил примен во тетовската Клиничка болница прво агресивно се однесувал кон персоналот и го нападнал лекарот кој му укажувал помош. Тој потоа продолжил да се расправа и физички ги нападнал и полицајците кои биле повикани од болницата.
„На 14.10.2025 во 16 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода М. М. (28) од Челопек, постапувајќи по претходна пријава од Клиничката болница во Тетово дека агресивно се однесувал кон персоналот и физички го нападнал Л. А. (31) од с. Желино, лекар во болницата, додека тој се обидувал да му даде лекарска помош. Исто така, по пристигнувањето на полициските службеници, М. М. агресивно се однесувал и кон нив и физички нападнал еден од полициските службеници“, соопштуваат од СВР Тетово.
Поради ова, М. М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.
З. АНДОНОВ