Делови од Пелистер воопшто не се гледаат од Битола или изгледаат како да се во магла поради присуството на пустинска прашина во воздухот дојдена од Сахара. Прашината предизвика и високи концентрации на ПМ10 честички во водухот.
Според податоците објавени на официјалната страница на Министерството за животна средина, во најтоплите делови од денот, на пример во 14 часот, часовна концентрација на суспендирана прашина во водухот во Битола изнесуваше високи 152 микрограми на метар кубен. Освен во Битола, високи концентрации на ПМ10 честички има и во Лазарополе и Кичево.
Метеоролозите најавија дека се очекува Македонија ќе биде зафатена од прашина од Сахара.
Ж. ЗДРАВКОВСКА