ПЕШАЦИТЕ СЕ УДИРААТ В ГЛАВА ОД НОВИТЕ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ ВО ВЕЛЕС, ОТИ СЕ ПОСТАВЕНИ МНОГУ НИСКО

    ПЕШАЦИТЕ СЕ УДИРААТ В ГЛАВА ОД НОВИТЕ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ ВО ВЕЛЕС, ОТИ СЕ ПОСТАВЕНИ МНОГУ НИСКОПешаците реагираат и дека два исти сообраќајни знаци се поставени на неколку метри оддалеченост иако имаат исто значење. (Фото: СДК.МК)

    Во текот на декември, во Велес се поставени бројни нови сообраќајни знаци и променети се постојните. Вработените кои ги поставија велат дека се повеќе стотини на различни локации од градот. Пешаците реагираат дека некои сообраќајни знаци се поставени премногу ниско, надвор од стандардите и се случува да се повредат кога минуваат покрај нив, се удираат во глава.

    Други пак документираат дека два исти сообраќајни знаци се поставени на неколку метри оддалеченост иако имаат исто значење.

    Tендерот за новите знаци го доби формата „Виадукт трејд Гостивар“. Од локалната власт не можат да ја кажат точната бројка новопоставени знаци, а поради тоа ниту колку пари се платени за оваа услуга.

    „Вертикалната сигнализација по сообраќајниците низ градот подлежи на промена, поради оштетувањата и поради нејзината дотраеност. Причина е и промената на режимот на сообраќајот. Поставањето е според постоечките стандарди и нормативи за регулирање на сообраќајот“, велат од локалната власт.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира