ПЕТМИНА ВЕЛЕШКИ ОСНОВЦИ ЛАНИ НЕОПРАВДАНО НЕ ПОСЕТУВАЛЕ НАСТАВА ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН МЕСЕЦ

    ПЕТМИНА ВЕЛЕШКИ ОСНОВЦИ ЛАНИ НЕОПРАВДАНО НЕ ПОСЕТУВАЛЕ НАСТАВА ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН МЕСЕЦНа родителите им била укажана законската обврска за задолжително школување и посетување настава (Фото: СДК.МК)

    Минатата година општински основни училишта доставиле до општинскиот просветен инспектор на Велес пет известувања за ученици кои неоправдано не посетувале настава повеќе од 30 дена.

    Согласно одредбите од Законот за основно образование, по доставените известувања, општинскиот просветен инспектор изврши инспекциски надзор, водена е инспекциска постапка и извршена е едукација на родителите на децата кои не посетувале настава“, кажа Македонка Виларова, општинска просветна инспекторка.

    На родителите им биле укажани законската обврска за задолжително школување и посетување настава и важноста за активна вклученост на нивните деца во воспитно-образованиот процес.

    При извршениот службен разговор, родителите изјавиле дека децата не сакаат да одат на училиште поради нивни лични причини, незаинтересираност за образование или надмината возраст со одделението каде што треба да учат, а за дел од нив констатирано е дека се работи и за воспитна запуштеност од нивните родители и неможност да влијаат врз нивното однесување“, дополни Виларова.

    За родителите чии деца, и покрај извршениот службен разговор и укажувањето на законската обврска за задолжително школување, продолжиле да не посетуваат настава, општинскиот просветен инспектор поднесе барања до Основен суд Велес за поведување прекршочна постапка со предвидените прекршочни глоби.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира