ПИЈАНОТО „БЕЗЕНДОРФЕР“ СО КРАН ПРЕНЕСЕНО ВО КОНЦЕРТНАТА САЛА ВО ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ ВО БИТОЛА

    ПИЈАНОТО „БЕЗЕНДОРФЕР“ СО КРАН ПРЕНЕСЕНО ВО КОНЦЕРТНАТА САЛА ВО ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ ВО БИТОЛАОва пијано во изминатите години се чуваше во битолскиот Завод и музеј. (Фото: СДК.МК)

    Пијаното „безендорфер“ тешко половина тон, кое пред две децении скопскиот бизнисмен Труфун Костовски го донираше на битолскиот Фестивал на класична музика Интерфест, денес со кран беше пренесено во концертната сала во Офицерскиот дом во Битола. Ова пијано во изминатите години се чуваше во битолскиот Завод и музеј.

    Сега се врати во најакустичната сала во Битола, во Офицерскиот дом, каде во минатото, а и денес се одржуваат концерти со класична музика.

    „Токму со пренесувањето на пијаното оваа сала ја добива својата вистинска душа, си одговараат и по кавлитет и по акустика. Оваа сала е душата на концертите во нашиот град“, рече Лили Бошевска, директорка на Културно-информативниот центар во Битола.

    Во Офицерскиот дом се подготвува музејска поставка на современа битолска уметност, а ова лето ќе се одржи ретроспективна вечер на најубавите битолски серенади, што се очекува да стане традиционален фестивал.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира