Струшката полиција и во текот на денов ја продолжи потрагата по возачот на скутерот кој вчера повредил капач на струшка плажа и побегнал. Полицијата има извесни сознанија за неговиот идентитет, но во интерес на истрагата, не соопштува детали.
Вчера попладне, кај населбата „Езерски лозја“, пливајќи бил повреден Р. Д (50) кој се наоѓал на околу 500 метри оддалеченост од брегот. Притоа тој бил удрен со скутер, а возачот на скутерот не му пружил помош. Повредениот од друго лице бил пренесен во Општата болница во Струга.
„Полицијата е во интензивна потрага по возачот на скутерот кој го повреди пливачот на струшкиот брег. Постојат некои сознанија, но во интерес не истрагата не можам за соопштам детали“, ни изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид.