ПО 10.000 ДЕНАРИ ПОМОШ ДОБИЈА 15 КУМАНОВСКИ ЗАНЕТЧИИ СО СТАРИ ЗАНАЕТИ

    ПО 10.000 ДЕНАРИ ПОМОШ ДОБИЈА 15 КУМАНОВСКИ ЗАНЕТЧИИ СО СТАРИ ЗАНАЕТИПомош е доделена на грнчари, крзнари, кондурџии, опинчари, везилки и други занаетчии. (Фото: СДК.МК)

    Еднократна помош од по 10 илјади денари добија 15 занаетчии кои ја негуваат традицијата и ги чуваат од изумирање старите занаети во Куманово. Помош е доделена на грнчари, крзнари, кондурџии, опинчари, везилки и други занаетчии.

    Помошта ја обезбеди Општина Куманово, а се дели преку кумановското Регионално здружението на занаетчии. Ваучерите им ги врачи градоначалникот Максим Димитриевки и претседателот на занаетчиите Агрон Фазли, на мала свеченост на која што беше презентиран дел од културното наследство на градот.

    Претседателот на занаетчиите Фазли вели дека ова е првпат една општина да ги помага занаетчиите и тој се надева дека оваа пракса ќе се прифати и во другите градови.

    „Куманово е занаетчиски град, имаме длабоки корени и традиција, и затоа треба да се бориме да го сочуваме тоа наследство. Со оваа мерка се опфатени 15 занетчии, но во иднина ќе работиме на тоа да бидат во што поголем број, бидејќи имаме и доста нерегистрирани занаетчии и настојуваме и нив да ги формализираме и да се зголеми нашата бројка“, кажа Фазли.

    „Ги помогнавме занаетчиите во време на корона, а јас и понатаму ќе се залагам да се зголемуваат ваквите субвенции, што ќего преточиме во традиција, со позначителен износ на средства, што ќе бидат дополнителен мотив на младите генерации да продолжат да се занимаваат со занаетчиството“, кажа градоначалникот Димитриевски

    Занаетчиите се задоволни од помошта, кажуваат дека се ослободени и од обврската за плаќање на општинската комунална такса, но велат дека тоа не доволно за да можат да се справат со големата економска криза, беспарицата и нелојалната конкуренција.

    „Овие средства ќе ги употребиме за некои основни работи, да подмириме некој долг. Иако оваа поддршка е симболична сепак ни значи. Нас ни треба нова и пософистицирана опрема за изработка на нашите производи, конкретно во мојот занает современи печки, кои ќе бидат еколошки и нема да загадуваат воздух. Само така ќе бидеме конкурентни и ќе го спречиме изумирањето на занаетите“, вели грнчарот Стојан Трајковиќ.

    Тој додава дека помош очекуваат и од Министерствата за култура и економија, бидејќи тоа е капка во море колку е мал бројот на занаетчии во државата кои треба да се поддржат за да опстанат во она што го работат.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира