ПО 13 ГОДИНИ ГО ЧИСТИМЕ ГОЛЕМОТО ЕЗЕРО ВО ЗООЛОШКА И ЌЕ ПОСТАВИМЕ 10 ФОНТАНИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ГАЛЕТАНОВСКИ

    ПО 13 ГОДИНИ ГО ЧИСТИМЕ ГОЛЕМОТО ЕЗЕРО ВО ЗООЛОШКА И ЌЕ ПОСТАВИМЕ 10 ФОНТАНИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ГАЛЕТАНОВСКИИспразнета е водата од езерото и сега екипи од јавните претпријатија „Комунална хигиена“, „Улици и патишта“ и „Водовод и канализација“ ќе ја чистат тињата која со години се таложела. (Фото: СДК.МК)

    Големото езерце во Зоолошката градина во Скопје после 13 години деновиве почна да се чисти. Испразнета е водата од езерото и сега екипи од јавните претпријатија „Комунална хигиена“, „Улици и патишта“ и „Водовод и канализација“ ќе ја чистат тињата која со години се таложела.

    „Поради тињата езерото оставаше впечатокот дека и валкано и запуштено. Токму и негрижата за него е главна забелешка на посетителите. Дополнително за разубавување ќе поставиме 10 фонтани прскалки низ него, а ’Паркови и зеленило‘ хортикултурно ќе го уредат просторот со зеленило и цветни аранжмани. Очекуваме до јануари да завршиме со чистењето и посетителите ќе имаат убава глетка во Зоолошка“, вели директорот на Зоолошката Ѓорѓи Галетановски.

    Минатиот месец беа исчистени малите езерца низ градината, како и живеалиштето на нилскиот коњ.

    „Нилскиот коњ Буцо изминатите шест години во зима седел во студ. Неговото водно живеалиште односно базенот немало соодветно затоплување, вклучувајќи ја и онаа најстрашна зима пред две години, но не биле преземени мерки да се реши проблемот. Веднаш реагираше и поставивме парно греење односно четири радијатори во водата“, вели Галетановски.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари