ПО ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ, ПРВПАТ СЕ РЕКОНСТРУИРА БУЛЕВАРОТ ТУРИСТИЧКА КОЈ ГО ПОДЕЛИ ОХРИД НА ДВА ДЕЛА

    ПО ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ, ПРВПАТ СЕ РЕКОНСТРУИРА БУЛЕВАРОТ ТУРИСТИЧКА КОЈ ГО ПОДЕЛИ ОХРИД НА ДВА ДЕЛАБулеварот долги години беше во очајна состојба и даваше грда слика за градот (Фото: СДК.МК)

    По четири децении од изградбата, деновиве почна првата темелна реконструкција на булеварот Туристичка, главната сообраќајница во Охрид, откако досега беа вршени само козметички зафати. Се сменија повеќе гарнитури во Општината, но никој кај централната власт не успеваше да обезбеди средства за ревитализација на улицата.

    „Булеварот, кој веќе долги години беше во очајна состојба, даваше грда слика за градот. Отежнатото движење по лошиот асфалт беше причина околните улици да бидат преоптоварени со сообраќај и да се создава непотребен метеж. Со реконструкцијата сето тоа ќе биде минато и граѓаните и туристите ќе добијат пофункционален булевар”, изјави в. д. градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

    Пред да почне изградбата на „Туристичка“ на крајот од осумдесеттите години, се водеше полемика помеѓу докажани архитекти и видни луѓе од градот дали на Охрид му е потребен булевар кој ќе биде копија на слични такви во други градови во земјава. Тогаш се велеше дека со булеварот градот непотребно и неприродно ќе се подели на два дела. Тие предлагаа тука да се изградат мали дуќанчиња и продавници на сувенири и да се создаде еден вид втора чаршија. Нивните предлози никој не ги прифати и се пристапи кон изградба на „Туристичка”, на локацијата на некогашните плодни ниви.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира