ПО ДВЕ НЕДЕЛИ, НОВ ЗАБОЛЕН ОД КОВИД-19 ВО БИТОЛА

    ПО ДВЕ НЕДЕЛИ, НОВ ЗАБОЛЕН ОД КОВИД-19 ВО БИТОЛАВкупно 29 битолчани се заразени со КОВИД-19 од почетокот на епидемијата. (Фото: СДК.МК)

    Две недели од последниот случај, денеска во Битола е регистриран нов заболен од коронавирус. До вчера имаше само два активни случаи и битолчани се понадеваа дека за неколку дена ќе раскрстат со болеста.

    Но, денес повторно се јави нов случај, со што вкупно  29 битолчани се заразени со КОВИД-19 од почетокот на епидемијата. Од нив 24 се оздравени, а имаше и двајца починати.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира