ПО НЕКОЛКУ ПРЕКОПУВАЊА И КРПЕЊА, СЕ НАЈАВУВА НОВА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ГРАДСКИОТ КЕЈ ВО ОХРИД

    ПО НЕКОЛКУ ПРЕКОПУВАЊА И КРПЕЊА, СЕ НАЈАВУВА НОВА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ГРАДСКИОТ КЕЈ ВО ОХРИДНема градоначалник на Охрид кој во последниве три децении не презел некаква градежна активност на овој дел со должина од околу 1.000 метри (Фото: СДК.МК)

    Градскиот кеј „Македонија“ во Охрид досега е повеќе пати прекопуван, крпен, а деновиве локалната власт најави дека се при крај активностите за почеток на негова реконструкција. Проценките се дека зафатот ќе чини околу 1,2 милиони евра, а средствата ќе бидат обезбедени од Светската банка и од буџетот на Општината. Реконструкција се очекува да заврши до почетокот на идното лето.

    Нема градоначалник на Охрид кој во последниве три децении не презел некаква градежна активност на овој дел со должина од околу 1.000 метри. Некој го прекопуваше, други го крпеа, некои поставуваа канделабри. Неретко се користеше и како предизборен адут на разграноците на двете најјаки политички партии во градот. Претходниот состав на локалната власт и тогашниот градоначалник претставијаи идеен проект на кејот со кој беше предвидено до самото градско пристаниште изградба на некакви угостителски објекти, кафулиња, ресторани. Дури во јавноста се посочуваа и имињата на нивните сопственици. Од тоа што можеше да се види низ понудениот проект, охридски ахитекти, екологисти тогаш велеа дека тоа ќе биде нова еколошка бомба за крајбрежниот дел на Охридското Езеро. Со смена на локалната власт и овој идеен проеет го снема.

    Сега за најавената реконструкција, од локалната власт во Охрид велат дека се обезбедени сите потребни документи кои гарантираат еколошка заштита на овој дел од брегот.

    „Проектот моментално е во финална фаза, обезбедени се сите неопходни согласности од надлежните институции, изготвен е и елаборат за заштита на животната средина со стратешка оценка за влијанието на проектот врз околината. Стигнати сме до фазата на одобрение од Министерството за транспорт и врски, кое очекуваме во наредните десет дена да биде обезбедено, така што имаме комплетен проект“, вели градоначалникот на Охрид Јован Стојановски. Основниот проект го изработи фирмата „Астрекс“ од Скопје.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира