Општина Битола ќе изработи нова спомен-плоча со современ македонски фонт, целосно усогласен со правописните норми на македонскиот литературен јазик откако по синоќешното откривање на споменикот на Александар Турунџев имаше реакции во јавноста дека на натписот на плочата е користен фонт со бугарски букви.
На плочата испишани се стихови од песната за војводата „Црно му било пишано“ со ваков фонт: „Го изведоа на Ат-пазар, му ја кажаја бесилката, цела се Битола расплака за Александар Турунџе“, а потоа е испишана паролата „Македонија ќе биде слободна“.
Во јавноста има реакции дека треба да пишува Ат-пазар, а не Аm- пазар, бесилката, а не бесилката, Битола, а не Биmола.
Од Општина Битола во врска со јавните реакции за визуелниот изглед на користениот фонт, соопштија дека стручната лингвистичка анализа покажала дека не станува збор за туѓа ортографија, туку за типографско решение во декоративен стил, каде одредени форми повеќе наликуваат на латинични знаци отколку на кирилични.Таквата визуелна сличност го
создаде впечатокот на погрешно напишани зборови.
„Имајќи ја предвид чувствителноста на прашањето и значењето на јазикот и писмото како дел од националниот идентитет, Општина Битола ќе изработи нова спомен – плоча со современ македонски фонт, целосно усогласен со правописните норми на македонскиот литературен јазик. Со овој чекор, целта е да се избегне секаква забуна и да се обезбеди јасна и прецизна јазична форма, како што прилега за јавните обележја што
ја чуваат историската меморија.и сите други форми на јазичен израз“, соопштија од Општината.
Споменикот беше откриен синоќа на Ат-пазар во Битола, на 120-годишнината од смртта на војводата со свечена пригодна програма.
Ж. ЗДРАВКОВСКА