ПО ТРИДНЕВНА ПОТРАГА ПРОНАЈДЕН ЖИВ ВНУКОТ НА АТИЏЕ МУРАТОВА КОЈ ИСЧЕЗНА БЛИЗУ РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА

    ПО ТРИДНЕВНА ПОТРАГА ПРОНАЈДЕН ЖИВ ВНУКОТ НА АТИЏЕ МУРАТОВА КОЈ ИСЧЕЗНА БЛИЗУ РЕКАТА БРЕГАЛНИЦАНа носила 35-годишникот е пренесен преку реката Брегалница и со хелокоптер е префрелн во Скопје. (Фото: Принтскрин од видео)

    Во подножјето на ридот Богословец во близина на реката Брегалница во атарот на селото Бекирлија утрово е пронајден жив 34-годишикот од светиниколското село Дурфулија, по кое се трагаше уште од петокот кога било пријавено за исчезнато. Тој е внук од брат на Атиџе Муратова, славната медарка од документарецот со две номинации за Оскар „Медена земја“.

    Групата спасители, роднини и припадници на силите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), на носила го пренеле преку Брегалница на место со повеќе меандри па спасувањето било многу тешко. Целата акција за пронаоѓање и спасување била организирана од градоначалникот на Лозово, Бошко Цветковски, кој вели дека во потрагата за спасување биле вклучени и дронови и тим од специјални единици.

    „Момчето беше неподвижно, крајно дехидрирано и во шок состојба, како во агонија, имаше отворени очи, но само гледаше нагоре, не зборуваше и воопшто не знаеше каде се наоѓа и што се случува со него“, вели Цветковски.

    Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, вели дека само што тргнал за Новаци добил известување дека човекот било пронајден, па веднаш ја сменил релацијата и се упатил кон Богословец и реката Брегалница исчезнатиот претходно имал обврски на семејната сточарска фарма во близина на реката.

    „Поради непристапниот терен и немањето интернет се искачив на највисокиот рид од каде можев да упатам само СМС порака, па усмерив еден од хелокоптерите да долета кај Богословец и на негов сигнал се спушти кон реката Брегалница. Момчето на носила го пренесовме преку реката и веднаш го качивме во хеликоптерот и го пренесовме во Скопје во Клиничкиот центар“, вели Ангелов.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира