ПОЧИНА НОВИНАРОТ СИМОН ИЛИЕВСКИ ОД ОХРИД

    ПОЧИНА НОВИНАРОТ СИМОН ИЛИЕВСКИ ОД ОХРИДСимон Илиевски беше еден од доајените на охридското новинарство, и дописник од Охрид за повеќе редакции. (Архивска фотографија)

    По кратко боледување, на 66 години почина новинарот од Охрид, Симон Илиевски. Илиевски беше еден од доајените на охридското новинарство, и дописник од Охрид за повеќе редакции со што остави огромен број новинарски текстови, радио и телевизиски прилози, документарни и други емисии.

    Новинарската кариера jа започнал во средношколските денови пишувајќи во гимназискиот весник „Јужен бран“. По завршување на студиите по новинарство во Скопје, пишувал за „Студентски збор“, белградски „Студент“ загрепски „Студентски лист“, словенечките „Трибуна“ и „Катедра“, како и за весникот „Младост“, а кратко соработувал и со Македонската радио телевизија. Дописник бил на радио „Београд 202“, подоцна за „Студио Б“, текстови објавувал и во познатите весници од времето на поранешна Југославија „Борба“, „Политика“ и „НИН“, а кратко соработувал и со државната агенција Танјуг.

    Во својата професионална кариера Илиевски беше и претседател на регионалната канцеларија на ЗНМ, дописник за Канал 5 ТВ, дописник на „Утрински весник“, дел од тимот на Радио Охрид, локалните ТВ куќи ТВМ и НТВ,  дописник на Радио Београд. Последните години  од кариерата ги помина како портпарол на Општина Охрид.

    Здружението на новинари на Македонија – Регионална канцеларија Охрид и Струга, утре (13 декември) ќе организира комеморација во големата сала на Општина Охрид, од 10:30 часот, по што Илиевски ќе биде погребан на Градските гробишта во Охрид.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира