ПОЧИНА РАБОТНИК НА ЕВН ПРИ ПАД ОД БАНДЕРА

    ПОЧИНА РАБОТНИК НА ЕВН ПРИ ПАД ОД БАНДЕРАлучајот околу 9.30 минути го пријавил неговиот 54-годишен колега. Лекарите набрзо пристигнале на лице место, но само ја констатирале неговата смрт. (Фото: СДК.МК)

    При пад од бандера утрово почина 43 годишен работник на ЕВН од тетовското село Милетино. Тој, заедно со неговиот колега, во близина на тетовско Џепчиште, го чистел теренот од гранки ,а воедно вршел и замена на делови од инсталацијата. Случајот околу 9.30 минути го пријавил неговиот 54-годишен колега. Лекарите набрзо пристигнале на лице место, но само ја констатирале неговата смрт.

    Од компанијата ЕВН засега не соопштуваат никакви информации, велат дека чекаат да заврши комплетно увидот, па потоа ќе излезат со детали околу настанот и како дошло до паѓање на работникот од бандерата.

    На годишно ниво полошкиот регион се случуваат по триесетина несреќи при работа и тоа најмногу во градежништвото, пред сѐ поради некористење на заштитна опрема при работа.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира