Возач на автобус кој сообраќал на линијата од Кичево кон Гостивар, почина на превојот Стража. Вчеравечер околу 22 часот, автобусот застанал на превојот Стража на краток одмор. Пред тргнување, кога 37-годишниот возач Г. Д. се качувал во автобусот, наеднаш му се слошило и паднал во бесознание.
Патниците од автобусот веднаш се обиделе да му помогнат и да го реанимираат. Била повикана и Брза помош од Гостивар, но сè било залудно. Кога стигнала Брзата помош, лекарите само ја констатирале неговата смрт.
Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид. Откако било констатирано дека Г. Д. починал од природна смрт, а по наредба на јавниот обвинител, неговото тело му е предадено на семејството.
З. АНДОНОВ