Полен од зимзелени дрвја и од брезите, а не измет ја прекри езерската вода кај градското пристаниште во Охрид. Многумина охриѓани најпрво мислеа дека станува збор за уште еден еколошки инцидент, но набргу се јави нуркачот Никола Паскали кој ја фотографира оваа појава.
„Станува збор за полен што го испуштаат зимзелените дрвја и брезите, но тука за жал, пак има и многу отпад што и понатаму се фрла во езерото”, вели Паскали.
Деновиве, жолтеникава материја се појави и на друг дел на брегот за кој од Центарот за јавн здравје кажаа дека тоа не е опасна по живиот свет во езерото.
Д. ЧУБРИЌ