Полицајци на велосипеди од денеска ќе патролираат низ општина Центар.
Полицајците велосипедисти ќе се грижат за безбедноста на жителите на општината, ќе го контролираат паркирањето, хигиената како и јавниот ред и мир.
„На почетокот на територијата на општина Центар ќе патролираат шест полицајци, по двајца полицајци-велосипедисти во одделни реони. Со ова ќе се подобри ефикасноста во извршување на секојдневните задачи и активности на униформираните полицајци во централното градско подрачје. Со ова ќе се придонесе и во борбата за заштита на животната средина“, велат од Општина Центар.
Од таму додаваат дека во иднина овој проект ќе се усовршува и надоградува со цел за подобар квалитет во безбедноста и сигурноста на граѓаните.