ПОЛИЦИЈАТА ФАТИ ДВАЈЦА ВЕЛЕШАНИ КАКО ВОЗАТ ПИЈАНИ ОД САБАЈЛЕ, ЗА 20-ТИНА ДЕНА КАЗНЕТИ ОКОЛУ 10.000 ГРАЃАНИ ЗА СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ

    ПОЛИЦИЈАТА ФАТИ ДВАЈЦА ВЕЛЕШАНИ КАКО ВОЗАТ ПИЈАНИ ОД САБАЈЛЕ, ЗА 20-ТИНА ДЕНА КАЗНЕТИ ОКОЛУ 10.000 ГРАЃАНИ ЗА СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ„Само за еден час, од 11 до 12 часот во денешната акциска контрола во Велес, изречени се 70 санкции“, кажа портпаролот на МВР Тони Ангеловски. (Фото: СДК.МК)

    Двајца велешани уште претпладнево, празнично се алкохолизирале и во таква состојба седнале зад волан од автомобил и управувале возило. Кај едното лице (54 години) имало 1,06 промили а кај второто (46 години) 1,25 промили алкохол. Ова го констатирале полициски службеници од мобилната полициска единица на МВР, која денес во Велес престојува неколку часа за контрола дали возачите ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

    „Само за еден час, од 11 до 12 часот во денешната акциска контрола во Велес, изречени се 70 санкции, пред сè за мотоциклисти што не ги почитуваат прописите, за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол. Досега во овие дваесетина дена откако започнаа засилените сообраќајни контроли, изречени се околу 10.000 санкции, на територијата на цела држава“, кажа Тони Ангеловски портпарол на МВР.

    Одговарајќи на новинарско прашање, каков е одѕивот во јавноста за овие засилени, зачестени контролни акции, тој рече дека се позитивни.

    „Граѓаните ги поздравуваат овие акциски контроли на МВР, граѓаните сакат ред, граѓаните сакаат безбедни улици и патишта и даваат целосна поддршка во санкционирањето на прекршителите на прописите и правилата“, кажа Ангеловски.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира