ПО 135 ПОЖАРИ ВО ОХРИДСКО, ПОЛИЦИЈАТА И ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА РЕШИЈА ДА ГИ ФАЌААТ ПИРОМАНИТЕ

    ПО 135 ПОЖАРИ ВО ОХРИДСКО, ПОЛИЦИЈАТА И ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА РЕШИЈА ДА ГИ ФАЌААТ ПИРОМАНИТЕОд почетокот на годинава, противпожарната единица од Охрид имала 135 интервенции (Фото: СДК.МК)

    По зачестените пожари, кои речиси станаа секојдневие, посебно на крајбрежјето, СВР Охрид ќе презема зајакнати мерки на превентивен и репресивен план и ќе ги лови пироманите кои досега останаа неоткриени.

    „СВР Охрид ги вклучува сите капацитети за контрола, превентива и заштита на шумите од пожари и нивно локализирање. Ќе се соработува со територијалните противпожарни единици, ЦУК, ЈП ‘Македонски шуми‘, националните паркови, шумската и граничната полиција, АРМ, органите на локалната самоуправа, медиумите, Црвениот крст и со другите надлежни субјекти и институции. Ќе има заеднички патроли на службеници на полицијата и на шумската полиција, со цел превенирање и санкционирање на несовесно однесување на поединци, надзор на претпријатијата што стопанисуваат со шуми и зајакната контрола на терен со примена на законската регулатива”, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

    Предвидена е интензивна соработка со институциите на локално и регионално ниво за размена на информации во врска со настанати пожари и организирање на дополнителна помош во опрема, техника, сили и средства.

    Од почетокот на годинава, противпожарната единица од Охрид имала 135 интервенции, што не е забележано во последниве 14 години.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира