ПОЛИЦИЈАТА ЈА НАДГЛЕДУВА СТРУШКАТА ДЕПОНИЈА 24 ЧАСА , АМА ВО ОДРЕДЕНИ ТЕРМИНИ

    ПОЛИЦИЈАТА ЈА НАДГЛЕДУВА СТРУШКАТА ДЕПОНИЈА 24 ЧАСА , АМА ВО ОДРЕДЕНИ ТЕРМИНИДеновиве и владата најави дека ќе преземе мерки за 24 часовна заштита на струшката депонија која понекогаш на мистериозен начин се запалува. (Фото: СДК.МК)

    Полициски екипи од струшката полициска станица ја надгледуваат Струшката депонија 24 часа, но не континуирано, туку само во одредени временски периоди, потврди портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димовски.

    „Полициски екипи од струшката полиција ја надгледуваат струшката депонија во текот на 24 часа. Но, патролите контролата ја вршат во одредени временски периоди кога има проценки дека би можело таму да има неодговорни дејствија. Контролата се врши во текот на денот и во текот на ноќта”, изјави Димовски.

    Како резултат на засилената конторла на депонијата е и откривањето на единаесет албански државјани токму на тој дел од Струга. Единаесете државјани на Република Албанија кои пред два дена биле затекнати на депонијата во Струга, се протерани од земјава. Ним, изречена им е забрана за влез во државата во рок од една година.

    Деновиве и владата најави дека ќе преземе мерки за 24 часовна заштита на струшката депонија која понекогаш на мистериозен начин се запалува.
    

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира