Седумгодишно дете e сериознo повредeно и пренесено е на лекување на скопските клиники, откако утринава во него удрило полициско возило.
Според МВР, сообраќајната несреќа се случила во 9.50 часот, на улицата 11 Октомври во близина на Градската џамија, кога патничко возило „Фиат Линеа“, сопственост на МВР, управувано од П.С.(44), вработен во МВР и удрила во момчето.
По несреќата детето било пренесено во болницата во Куманово, а по извршен лекарски преглед, му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Во врска со настанот, Јавен обвинител и СВР Куманово презема мерки за утврдување на околностите и расчистување на случајот.
Исто така, за настанот е информиран и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
С. НИКОЛИЌ