ПОЛСКАТА АМБАСАДА ОБЕЗБЕДИ ПАРНО ГРЕЕЊЕ НА ПЕЛЕТИ ЗА ГРАДИНКАТА ВО ЧАШКА

    ПОЛСКАТА АМБАСАДА ОБЕЗБЕДИ ПАРНО ГРЕЕЊЕ НА ПЕЛЕТИ ЗА ГРАДИНКАТА ВО ЧАШКАДонацијата е вредна 8.500 евра (Фото: СДК.МК)

    Градинката „Бамби“ во населбата Чашка доби ново парно греење, а системот работи на пелети. Донација на амбасадата на Полска, со ова ќе бидат подобрени условите за престој на децата во градинката.

    „Сакаме да ги поддржуваме малите општини, малите заедници, не само Скопје. Сакаме да ги развиваме и малите градови, не само големите. Се радувам што ги подобривме условите за престој во градинката и децата ќе бидат радосни“, кажа амбасадорот Војчех Тичињски.

    Донацијата е вредна 8.500 евра. Освен просториите на градинката, на новиот систем се греат и салата на Советот на Општина Чашка, подрачната единица на Катастарот, Центарот за социјални работи и матичната служба. Капацитетот на градинката во Чашка е 50 деца, а моментално ја посетуваат 21 дете од претшколска возраст.

    Неодамна, Полската амбасада ја доопреми градинката „Кокиче“ во Градско. Набавени беа училиштен и едукативен материјал, наставни средства, столчиња и масички за децата, како и смарт телевизор, инвестиција вредна 5.500 евра.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари