ПОМОШНИОТ КАНАЛ КАЈ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ ЗАТНАТ СО ОТПАД

    ПОМОШНИОТ КАНАЛ КАЈ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ ЗАТНАТ СО ОТПАДОд „Охридски комуналец” најавија дека ќе го исчистат каналот (Фото: СДК.МК)

    Горниот дел од помошниот канал кај Билјанини извори е затнат со отпад и распаднати водни растенија. Со зголемување на температурите, овој дел на Охрид може да стане потенцијален извор на зараза.

    Од „Охридски комуналец” посочија дека одржувањето на помошниот канал не е во ничија надлежност и оти чистењето може да се изврши по налог на комуналната инспекција.

    „Сепак, ние решивме веднаш да преземеме акција за одзатнување на помошниот канал кај Билјанини избори. Ќе определиме екипа со опрема која ќе пристапи кон негово чистење”, ни изјави директорот на „Охридски комуналец”, Љупчо Грданоски.

    Помошниот канал тече паралелно со Студенчишкиот канал и во него се влеваат подземни води од овој дел на градот.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира