ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ ВО БИТОЛА

    ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ ВО БИТОЛАПри пообилен дожд шахтите не можат целосно да ја прифатат надојдената атмосферска вода во битолската населба Баир - (Фото: СДК.МК)

    Обилните врнежи дожд кои паднаа попладнево во Битола поплавија улици во населбата Баир и околу неа.

    Водата поплави дворови, визби, гаражи и други помошни објекти. Реки од вода течеа по улиците Караорман, Мирче Ацев, Козара, Дебарска и други, при тоа попречувајќи го нормалното одвивање на сообраќајот во тој дел од градот. По овие улици беше невозможно да се движат пешаци дури траеше невремето.

    Ова е проблем со кој години наназад се соочуваат жителите од оваа битолска населба. При пообилен дожд шахтите не можат целосно да ја прифатат надојдената атмосферска вода.
    Ж.ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира