ПОПОВА ШАПКА И БЕЗ СНЕГ ПОЛНА ЗА ПРОШЕТКИ И САНКАЊЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:56:"ПоповаШапка,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОПОВА ШАПКА И БЕЗ СНЕГ ПОЛНА ЗА ПРОШЕТКИ И САНКАЊЕ

    Сончевото време, пријатната температува и пред сѐ чистиот воздух денеска донесе илјадници луѓе на Попова Шапка. Најмногу посетители беа од Тетово и Скопје, но имаше и од другите градови. Скијачи немаше оти има малку снег, но беше сосем доволно за санкање и пред сѐ за прошетки.

    Колоната паркирани возила денеска се протегаше два-три километри од Попова Шапка. И додека во угостителските објекти долго се чекаше на слободно столче, хотелите не се полни.

    „За наредниве три- четири денови немаме слободни, соби но веќе од наредната недела има доволно слободни места. Вакво лошо време без снег во овој дел од годината одамна не паметиме. Може целосно да ни ја упропасти туристичката сезона. Нашите погледи постојано се вперени во небото и очекуваме конечно снегот да падне“, велат во хотелот „Скардус“ на Попова Шапка. Слична е состојбата и во најголемиот хотел „Славија“, како и во неколкуте други помали сместувачки капацитети.

    За зимскиот центар ваквото време е лошо оти нема систем за правење вештачки снег, инвестиција за која со години сите зборуваат, но никако да се реализира.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира