ПОРАДИ ДЕФЕКТ, ЧЕТИРИ ДЕНА СЕ БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ТЕТОВСКИТЕ СЕЛА ФАЛИШЕ И САРАЌИНО

    ПОРАДИ ДЕФЕКТ, ЧЕТИРИ ДЕНА СЕ БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ТЕТОВСКИТЕ СЕЛА ФАЛИШЕ И САРАЌИНОИ покрај големите напори на ЈКП „Тетово“, дефектот на водоводната мрежа сé уште не е откриен. (Фото: СДК.МК)

    Од средата, жителите на тетовските села Фалише и Сараќино се без вода за пиење. И покрај големите напори на ЈКП „Тетово“, дефектот на водоводната мрежа сé уште не е откриен.

    „Станува збор за многу стар водоснабдителен систем кој од реонот на Калник/Палчиште преку Брвеница се протега до Фалише и Сараќино и е долг над 12 километри. Проверен беше воздушниот вентил кај Фалише, истиот е сменет, но не беше проблем во тоа, водат пак немаше. Пробавме долж трасата да најдеме дефект, да не има пукнатина, да не има извирање некаде. Немаше ништо од тоа. Не е проблемот ниту во пумпата кај бунарот во Калник. Мислиме дека проблемот е на потегот над Брвеница во правец кон пумпната станица кај Калник/Палчиште. Сега тоа ќе се работи ќе се провери тој дел од трасата. Ќе отвориме на едно место каде што и порано имало дефект да видиме дали стига водата таму“, вели Љуљзим Шаќири, раководител на „Водовод“.

    Според Шаќири, таа водоводна линија се протега преку обработливи површини и полиња, па голема е веројатноста, како и во неколку наврати досега, дотокот на вода во цевките да е прекинат поради корења внатре во цевководот.

    „Не е пукната цевка затоа што не прави прелив. Водата ни се враќа назад и значи има или физичко затнување поради тиња, камења, корења или е создаден воздушен џеб. Водоводната цевка не е метална, туку е од салонит и затоа не може со метал детектор да се открие по трасата. Сè додека проблемот не се реши и затоа се продолжува со работа а тоа може да трае и неколку денови па затоа бараме разбирање од жителите на овие села“, вели Шаќири.

    Поради дотраеноста на овој водоснабдителен систем и досега често пати се случувало да има проблеми, дефекти и прекини во водоснабдувањето.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира