ПОРАДИ ПОЛИТИЧКИ ПРИТИСОЦИ, ПО ДУШКО МЛЕКАРОТ И ЛИДЕРОТ НА ПЕЛАГОНИСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ АТАНАСОВСКИ ИЗБЕГА ВО ГЕРМАНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОРАДИ ПОЛИТИЧКИ ПРИТИСОЦИ, ПО ДУШКО МЛЕКАРОТ И ЛИДЕРОТ НА ПЕЛАГОНИСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ АТАНАСОВСКИ ИЗБЕГА ВО ГЕРМАНИЈА

    По фармерот Душко Илиевски кој од пред еден месец замина со семејството за Германија, деновиве се исели и уште еден од водачите на пелагониските земјоделци. Марјан Атанасовски од битолското село Кравари, инаку член на Управниот одбор на земјоделското здружение „Спас“, во средата со семејството замина за Германија. Двајцата велат дека заминале поради притисоци од власта и дека немаат намера да се вратат назад.

    Фармерот Душко со семејството е веќе еден месец во Германија и бара политички азил - од притворањето во 2010 година

    Фармерот Душко со семејството е веќе еден месец во Германија и бара политички азил – од притворањето во 2010 година

    Ако Дуле беше најгласен на протестите кога  „Сведмилк“ не им го исплати млекото на фармерите, Марјан ја критикуваше власта за поплавите на земјоделското земјиште пред година и половина. Тогаш Марјан изјави дека во годината кога им угинал  родот од поплавите, а не се знаело ни дали ќе има есенска сеидба, им стигнала сметка на земјоделците да платат за одводнување по 460 денари. Тој критикуваше дека „Битолско поле“ не ги исчисти каналите, а само како декор бил поставен неисправен  багер крај Црна Река. Исто така ги критикуваше институциите и за  наводнувањето во Пелагонија.

    „Во последните години постојано добивав тужби од државни институции за искажани изјави во медиумите. Понатаму, преку лажни профили на Фејсбук ми стигнуваа најразлични закани за мене и семејството. Последно добив пријава дека сум истепал некое лице од Прилеп , за кое пишуваше дека е „х особа“. Јас не заминав за Германија за пари, туку зашто не можев да ги издржам притисоците“, вели Атанасовски за „САКАМ ДА КАЖАМ.МК“.

    Атанасовски со семејството се кај роднина во Германија. Вели дека ако не му дозволат да остане, ќе замине за друга европска држава, но нема намера да се врати назад.

    Фармерот Душко со семејството е веќе еден месец во Германија и бара политички азил.

    „Во моментот со семејството се наоѓам во Германија и барам да ми дадат политички азил. Заминав заради секојдневните притисоци на кои бев изложен. Доколку ми го одобрат азилот немам намера да се вратам во Македонија“, вели Илиевски.

    Тој беше водач на битолските фармери во 2010 година на протестите кога шведската млекарница „Сведмилк“ не му го исплати откупеното млеко. Одеше на чело на таканаречениот погребален марш на македонското сточарство кога низ градот беа исполепени некролози со фотографии од Никола Груевски. По ова, против него, брат му и татко му, МВР поднесе кривични пријави дека на диво одгледувале марихуана и беа притворени 12 дена. Неколку години подоцна беа ослободени од обвинувањето зашто се докажа дека се се работело за самоникнат див коноп.

    Против Илиевски беа поднесени и прекршочни пријави за учество во протестите од „Шарената револуција“.

    Двајцата важеа за лидери на земјоделците од Пелагониско, учесници во земјоделски протести и како едни од најхрабрите говорници за проблемите во земјоделството.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира