Поради ремонт на пруга, железничкиот сообраќај на релацијата Скопје-Велес-Скопје ќе биде делумно затворен од 26 јуни до 10 јули. Во овој период нема да има сообраќај на патничките и товарните возови во терминот од осум до 14 часот.
„Патничките возови 601 на релација Скопје-Велес и 2080 на релација Велес-Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела, кога ќе сообраќаат според возниот ред“, соопштија од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.
Во пракса, тоа значи дека линиите Скопје-Велес од 9:15 и 13:20 часот и Велес-Скопје од 12:10 и 14:25 часот нема да сообраќаат. Првиот патнички воз кој ќе сообраќа е тој од Скопје за Битола од 14:30 часот и сите наредни ќе бидат во функција, исто како и утринските.
Во овој период од две седмици ќе се менуваат прагови и шини на делницата Велес-Кадина Река, каде што по констатирани неправилности во инфраструктурата, од 22 март возовите возат со брзина од 20 километри на час.
П. ПЕЧКОВ