ПОРАДИ СМС ОД ИДРИЗОВО ОСВЕТЕНИОТ КРСТ НЕМА ДА ШЕТА ПО КУЌИ ВО КАВАДАРЦИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОРАДИ СМС ОД ИДРИЗОВО ОСВЕТЕНИОТ КРСТ НЕМА ДА ШЕТА ПО КУЌИ ВО КАВАДАРЦИ

    Поради една смс порака испратена од затворот во Идризово, нема да се шета од куќа до куќа осветениот крст на Водици во Кавадарци и да се дарува со пари за среќа тој што го фатил, нешто што беше својствено како обичај во изминатите години.

    „Како по обичај, по светиот крст на Водици се фрлаат и групи на кавадарчани. Било кој да го фати крстот од една група, се смета дека тоа е среќа за целата група. Во минатото, среќниците ги шетаа куќите, фирмите, институциите и беа дарувани со по некоја пара. Така беше и пред некое време, кога среќникот што го фати крстот се пожали во црквата дека добил смс порака од затвореник од Идризово. Во неа јасно пишувало дека крстот треба да му се предаде на тој и тој човек. Тој што нема да постапи според наредбата, ќе си знаел кога затвореникот ќе излезе од затвор. Тогаш свештените лица одлучија  крстот да остане во црквата“, вели кавадарчанец кој сака да остане анонимен.

    Од црквата “Свети Димитрија” од Кавадарци потврдуваат дека е вистинита приказната за смс пораката и за појавата на  измамници на кои не треба да им се верува ниту годинава, ако се појават. Затоа, ставот на црквата е oсветениот крст да остане во верскиот објект после Водици.

    Во годините кога се почитуваше традицијата и осветениот крст се шеташе низ општината, се случуваше да се појавуваат измамници кои со лажен крст бараа пари од кавадарчани. Со лажен крст и убедување дека е светиот кој го фатиле на Водици, луѓе шетаа низ Кавадарци и бараа пари од граѓаните кои се помолуваа и го бакнуваа крстот.

    „Светиот крст потопен во реката Луда Мара на Водици, после тоа ќе биде  во црквата ’Свети Димитрија’ и секој граѓанин верник може за здравје да се помоли и да го види, да побара преку него благослов од свештениците“, вели отец Мартин Деневски, старешина на црквата.

    Свештениците апелираат до верниците да не им веруваат на оние кои лажејќи дека го фатиле осветениот крст сакаат да печалат пари и укажуваат дека тие и не се вистински верници. Велат и дека сите кои се фрлаат по крстот треба тоа да го прават со вера во бога и за здравје, среќа и благосостојба на нивното семесјтво, а не за пари. Тие ќе добијат крст, библија  и икона од црквата и подароци од Општината и спонзори.

    И покрај тоа што лани свештениците соопштија дека светиот крст останува во црквата, измамници шетаа по куќите, дуќаните и разно разни други објекти и собираа пари, лажејќи дека токму тоа е светиот крст фатен на Водици. Отец Деневски вели оти се надева дека тоа нема да се повтори и годинава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира