ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ СЕ УДВОИ ПОТРОШУВАЧКАТА НА ВОДА ВО ВЕЛЕШКО

    ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ СЕ УДВОИ ПОТРОШУВАЧКАТА НА ВОДА ВО ВЕЛЕШКОВелес е меѓу најтоплите градови во земјава овие денови (Фото: СДК.МК)

    Дневната потрошувачка на вода од градскиот водовод во Велешко стигна до 260 литри во секунда, што е за половина повеќе од редовната потрошувачка еден месец порано. Тоа е максималната вредност забележана деновиве, кога градот е под вршник.

    Температурата според УХМР се движи над 40 Целзиусови степени и Велес е меѓу најтоплите градови во земјава, заедно со Демир Капија и Валандово. Во саботата во 15 часот биле измерени највисоките +41,2 степени.

    „Деновиве, просечната потрошувачка на вода изнесува 230 л/сек, а максималната и до 260 л/сек. Во јуни. просечната потрошувачка на вода изнесуваше 180 л/сек“, информираа од ЈКП „Дервен“.

    Оттаму ги потсетуваат потрошувачите за порационално и наменско користење на водата.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира