ВРЗ ВОЗИЛА ПАДНА ПОТПОРЕН ЅИД СО ЖЕЛЕЗНА ОГРАДА КАЈ ШТИПСКАТА БОЛНИЦА, ПАЦИЕНТИ СЕ СПАСИЛЕ ЗА НЕКОЛКУ СЕКУНДИ

    ВРЗ ВОЗИЛА ПАДНА ПОТПОРЕН ЅИД СО ЖЕЛЕЗНА ОГРАДА КАЈ ШТИПСКАТА БОЛНИЦА, ПАЦИЕНТИ СЕ СПАСИЛЕ ЗА НЕКОЛКУ СЕКУНДИПотпорниот ѕид попуштил и сосе железната ограда се струполил врз паркираните автомобил. (Фото: СДК.МК )

    На паркингот на улицата Љубен Иванов, кој се наоѓа веднаш до кругот на Клиничката болница во Штип каде биле паркирани повеќе возила, утринава околу 9:20 минути целосно се срушил потпорен ѕид сосе железната ограда и ги смачкал возилата. Патниците од неколку возила само што излегле и заминале на закажаните термини.

    Оштетени се автомобили на вработени во Болницата и на жителите од улицата, но и автомобили на пациeнти од Велес и некои други градови кои имале закажани прегледи, но како што велат добро е што во тој момент тие веќе биле излезени од автомобилите.

    Сопствениците на возилата велат оти ѕидот попуштил од обилните врнежи на дожд во изминатите неколку денови.

    Увидни екипи од надлежните институции и од Oпштината веќе работат на утврдување на причините за несреќата во која имало само материјална штета на автомобилите, како и на расчитување на теренот.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира