ПОТРЕБНИ СЕ ЖЕНИ КИНЕМАТОГРАФЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА, КАЖА ТЕОНА СТРУГАР МИТЕВСКА ПО ПРОЕКЦИЈАТА НА „МАЈКА“ НА ОТВОРАЊЕТО НА „БРАЌА МАНАКИ“ ВО БИТОЛА

    ПОТРЕБНИ СЕ ЖЕНИ КИНЕМАТОГРАФЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА, КАЖА ТЕОНА СТРУГАР МИТЕВСКА ПО ПРОЕКЦИЈАТА НА „МАЈКА“ НА ОТВОРАЊЕТО НА „БРАЌА МАНАКИ“ ВО БИТОЛАНа сцената по проекцијата изглегоа режисерката Стругар Митевска, актерот Никола Ристановски, Лабина Митевска и кинематограферката Виржини Сен-Мартан. (Фото: СДК.МК)

    Знам дека не е лесен филм да се проголта, но јас по прикажувањето се чувствувам како тинејџерка на 18 години“, рече режисерката Теона Стругар Митевска по синоќешната проекција на филмот „Мајка“ со кој, по премиерата на Венецискиот фестивал, беше отворено 46. издание на филмскиот фестивал Браќа Манаки“ во Битола. На сцената по филмската проекција изглегоа режисерката, актерот Никола Ристановски, Лабина Митевска, кинематограферката Виржини Сен-Мартан од Белгија и други членови на екипата.

    Секој пат кога го прикажуваш филмот во твојата земја, има друго ниво на трема. Пред еден месец дознав дека Виржини е првата белгиска кинематограферка, потребни ни се и македонски. Таа е веќе скоро Македонка бидејќи ги направи досега сите мои филмови, но треба да продолжиме во тој стил, ни требаат жени кинематографери“, рече Стругар Митевска.

    Сен-Мартан рече дека се труделе многу да го снимат филмот, но ја опомена публиката:

    Кога ги исклучувате телефоните, исклучете го и светлото, инаку е многу здодевно“.

    Турскиот режисер Семи Капланоглу ја прими наградата „Златна Камера 300“ за особен придонес во светската кинематографија (Фото: СДК.МК)

    Иако филмот од час и 40 минути содржи еруптивна приказна за нескршливиот дух на Мајка Тереза и зборува за битката на жената помеѓу слободниот и животот посветен на Бога, големиот дел од публиката остана во салата. Со години наназад, освен за премиерата на „Трето полувреме“, кога имаше две проекции една по друга, публиката по церемонијалниот дел си заминуваше од салата.

    Официјалниот дел од програмата понуди еден културен и градски пристап преку сликарството на Киро Урдин и делото на Манакиеви.

    На турскиот режисер Семи Капланоглу наградата „Златна Камера 300“ за особен придонес во светската кинематографија му ја врачи градоначалникот Тони Коњановски.

    Ја посветувам оваа награда и на режисерката и фотографка Фатима Хасуна, која беше убиена од израелските сили. Ја посветувам, во нејзино име, на децата, жените и сите невини цивили во Газа кои се жртви на геноцидот“, рече Капланоглу.

    Од отворањето на фестивалот (Фото: СДК.МК)

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку видеоповик го прогласи фестивалот за отворен, посакувајќи ѝ на филмската уметност „да продолжи да истражува и провоцира, разголувајќи нѐ, прекорувајќи нѐ, учејки нѐ, трансформирајќи нѐ во луѓе“.

    Говорот на директорот на Фестивалот Димитрија Доксевски беше поттик за младите филмаџии. Рече дека пред 19 години како млад актер, студент и водител го отворил 27. издание на „Браќа Манаки“, па можеби некој од сегашните студенти присутни во салата по 20 години ќе биде на неговото денешно место.

    На црвениот тепих, покрај филмските уметници, пред претстојните локални избори продефилираа и актуелни локални политичари, кандидати за градоначалници и советници.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира