ПОВРЕДЕНИ ТРОЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ОД БИТОЛА ПРИ СООБРАЌАЈКА НА ДВА МОПЕДА

    ПОВРЕДЕНИ ТРОЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ОД БИТОЛА ПРИ СООБРАЌАЈКА НА ДВА МОПЕДАЕден од малолетниците не ги исполнувал условите да управува мопед, зашто според законот тоа е дозволено со наполнети 16 години.(Фото: СДК.МК)

    Тројца малолетници се повредени, од кои едниот потешко, во сообраќајна несреќа меѓу два мопеда што се случила вчера вечер, на 12 јуни, нешто пред полноќ на улицата Крушевска Република во Битола.

    Од СВР Битола соопштија дека сообраќајната несреќа настанала помеѓу два мопед „лонгиа“ со битолски регистарски ознаки управувани едниот од 15-годишник, а дриот од 16 -годишник од Битола.

    Еден од малолетниците не ги исполнувал условите да управува мопед, зашто според законот тоа е дозволено со наполнети 16 години.

    „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишен сопатник на мотоциклот кој го управувал 16-годишникот, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Клиничката болница во Битола“, велат од СВР Битола

    Ж.ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира