Пополаднево избувна нов пожар во Битола, во рекреативната зона Смолево над Тумбе кафе. Зафатена е мешовита шума, а огнот е во близина на манастирот „Свети Атанасиј“.
Гори во близина на новиот велосипедски парк кој беше направен лани. Екипи на Битолската противпожана единица интервенираат на теренот.
Во гаснењето се вклучија и од доброволното противпожарно друштво „Аргангел“ кое повика да му се придружат и други доброволци во акцијата за спас на Смолево. Ветерот го носи огнот кон село Буково, но пожарникарите доброволци велат дека постои и опасност од ветер во спротивен правец кон Националниот парк Пелистер.
Изминатите три дена се водеше битка за да се изгасне пожарот на ридот над обиколницата, а откако тој беше ставен под контрола денес се појави нов.
Ж. ЗДРАВКОВСКА