Во пожарот што доцна вечерва изби во станбена зграда во строгиот центар на Скопје на плопштадот Македонија нема жртви, ни повредени, но евакуаирана е целата зграда поради многу густ чад, изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од Противпожарната бригада на град Скопје.
Пожарот избил во спалната соба во стан над ресторанот „Пелистер“.
Противпожарната бригада интервенирала со 6 возила. Од таму велат дека станарите биле евакуирани превентивно затоа што во прв момент се чинело дека пожарот е многу поголем и поради густиот чад кој направил паника и меѓу случајните минувачи во центарот на Скопје.
Пожарот е локализиран и пожарникарите полека се повлекуваат, велат од Противпожарната бригада.