Хеликоптер на АРМ ќе помогне во гаснењето на пожарот на непристапен терен над селото Галичник, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Засега, хеликоптерот не може да дејствува поради силен ветер.
Од ЦУК велат дека ќе се обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж.
„Известена е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Локалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи“, се вели во соопштението.
Според ЦУК, пожарот, за кој пријава добиле во 13.30 часот, зафатил борова шума на непристапен терен и заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото Галичник, но истовремено и за силите ангажирани за негово гаснење.