ПОЖАРИТЕ ВО ОВЧЕПОЛИЕТО ИМ СЕ ЗАКАНУВААТ НА СЕЛАТА КРИВИ ДОЛ, КАДРИФАКОВО И ДОБРОШАНИ

    ПОЖАРИТЕ ВО ОВЧЕПОЛИЕТО ИМ СЕ ЗАКАНУВААТ НА СЕЛАТА КРИВИ ДОЛ, КАДРИФАКОВО И ДОБРОШАНИПожарот тешко се гаси поради силниот ветер кој го шири огнот на сите страни (Фото: СДК.МК)

    Во текот на ноќта избувнаа пожари во ридскиот појас околу селата во Овчеполието, Кадрифаково, Криви Дол и Добрашани, кој се шири кон реката Брегалница.

    „Ние како општина сме организирани и со сите расположиви противпожарни единици сме во состојба на подготвеност. Брзо се дејствуваше и за пожарот кој се појави над Кадрифаково, Криви Дол и Добрашани. Во гаснењето се вклучени и механизација и вработени во јавните претпријатија во Штип“, вели градоначалникот на Штип, Сашко Николов.

    Во гаснењето на пожарот учествуваат и екипи од Свети Николе. Од противпожарната единица во Штип информираат дека на терен се 20 нивни пожарникари. Теренот е непристапен за возилата, па пожарот мора да се гаси рачно.

    „Најголем проблем е ветерот, познатипот овчеполец, кој дува силно, уште повеќе го распламтува огнот и го шири на сите страни. Ако во наредните неколу часа не се изгасне, ќе се бара интервенција на хеликоптери“, велат од протипожарната единица во Штип.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира