ПОЖАРИТЕ ВО ПРЕСПА ОСТАВИЈА ПУСТОШ КАЈ ТРСКАТА ПРЕД ОТЕШЕВО И ВО ДЕЛ ОД ГАЛИЧИЦА

    ПОЖАРИТЕ ВО ПРЕСПА ОСТАВИЈА ПУСТОШ КАЈ ТРСКАТА ПРЕД ОТЕШЕВО И ВО ДЕЛ ОД ГАЛИЧИЦАСе претпоставува дека пожарите се предизвикани од човечки фактор. (Фото:СДК.МК)

    Пустош во појасот со трска пред туристичката населба Отешево и на 300 хектари шума во Националниот парк Галичица остави вчерашниот пожар во Преспа.

    Пожарот на Галичица е локализиран, но во делови уште гори.  Екипи од Противпожарната единица од Ресен и вработени во паркот се на терен и го имаат ограничено пожарот со заштитен појас.

    ,,Северниот и јужниот појас е обезбеден, се прават заштитни појаси.   Во текот на вчерашниот ден, а ете и денес активни се неколку пожари. Еден во реонот на населбата Стење,  во атарот на село Перово и во округот ја село Прељубље. Активирани се сите расположливи средства на Општина Ресен и екипи на Националниот парк Галичица и со нивна помош беше спречена поголема катастрофа”, рече градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски.

    Се претпоставува дека пожарите се предизвикани  од човечки фактор.

    ,,Разговарав со надлежните институции, побарав да излезат на терен да направат истрага околу пожарите и време да се стави крај на овие пожари. Бараме сите надлежни институции да излезат на терен да делуваат превентивно , но и да се откријат и казнат сторителите”, рече градоначалникот.

    Пожарот што ја зафати Галичица вчера почна од трската кај Сирхан и префрли преку патот и го зафати Националниот парк.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари