ПОЖАРНИКАРИТЕ СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА ГРЕАЛКА ГО ПРЕДИЗВИКАЛА ПОЖАРОТ ВО КОЈ ИЗГОРЕА МАЈКА И СИН

    ПОЖАРНИКАРИТЕ СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА ГРЕАЛКА ГО ПРЕДИЗВИКАЛА ПОЖАРОТ ВО КОЈ ИЗГОРЕА МАЈКА И СИНКога пристигнале пожарникарите, покривот веќе бил паднат врз собите. - Изгорена соба во пожарот во Битола (Фото: СДК.МК)

    Од Противпожарната единица во Битола се сомневаат дека пожарот што утрово настанал во куќа на улица „Девеани“, а во кој изгореа мајка и 17-годишен син, можно е да бил предизвикан од вклучено грејно тело.

    „Во четири часот утрово добивме дојава за пожар и испративме две возила со пет пожарникари. Но, веќе покривот беше паднат врз собите. Кога го изгаснавме огнот, го најдовме прво телото на момчето, а околу 8 часот утрово го пронајдовме и телото на мајката. Се сомневам дека во текот на ноќта било оставено грејно тело, можеби електрична греалка, но точната причина за пожарот останува да ја каже полицијата“, рече Костадин Поповски, командир на Противпожарната единица во Битола.

    Од полицијата рекоа дека наскоро ќе излезат со детални информации.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира