ПОЖАРОТ НА ТЕТОВСКАТА ДИВА ДЕПОНИЈА Е ЛОКАЛИЗИРАН, НО УШТЕ НЕ Е ИЗГАСНАТ

    ПОЖАРОТ НА ТЕТОВСКАТА ДИВА ДЕПОНИЈА Е ЛОКАЛИЗИРАН, НО УШТЕ НЕ Е ИЗГАСНАТНа помош при гаснење на пожарот на тетовската депонија дојдоа и две екипи од противпожарната едница од Гостивар. (Фото: СДК.МК)

    По четири часа борба со огнената стихија, пожарот на тетовската дива депонија е локализиран, но сѐ уште не е целосно изгаснат. Од депонијата и понатаму избиваат облаци чад, а тетовските пожарникари од неколку против пожарни возила полеваат вода на местата сметот сѐ уште гори, но со многу помал интензитет.

    „Наша главна задача беше да не дозволиме огнот да се прошири и да ги зафати објектите кои се веднаш до депонијата, пред се силосите на ‘Жито Полог’. Излеговме со сета расположива опрема и возила. Ни се придружи и механизација од Јавното комунално претпријатие, а на помош ни притекнаа и колегите од против пожарната едница од Гостивар кои пратија две екипи. После 4 часа борба со огнената стихија, пожарот е ставен под контрола и сега работиме на негово целосно гаснење. Ќе оставиме дежуни пожарникари и преку ноќта да внимаваат пожарот повторно да не избувне“ изјави Ука Алити командир на против пожарната единица од Тетово.

    На местото на пожарот дојде и градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи. Таа вели дека има некои индикации дека пожарот може да биде и подметнат.
    „Ние како општина го информиравме МВР и покренавме кривични пријави за можни сторители и бараме од органите соодветно да ја извршат оваа работа. Имаме разни индикации за кои сметаме дека органите на редот треба сериозно да се позанимаваат“ изјави градоначалничката на Тетово Теута Арифи.
    Таа исто така кажа дека при крај се со процедурите за избор на фирма која ќе го транспортира сметот од дивата депонија до станицата за компресирање и претовар. Таа најави дека со кревањето на сметот од оваа дива депонија најверојатно ќе се започне за неколку денови.

    З. АНДОНОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира