ПРЕПОЛНИ КОНТЕЈНЕРИ НА РУЗВЕЛТОВА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА ЗАТРУПАНА СО ЃУБРЕ

    ПРЕПОЛНИ КОНТЕЈНЕРИ НА РУЗВЕЛТОВА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА ЗАТРУПАНА СО ЃУБРЕКонтејнерите се наоѓаат веднаш до аптека, кафулиња и супермаркет (Фото: СДК.МК)

    Пешачката патека на улицата Рузвелтова во центарот на Скопје е затрупана со ѓубре. Контејнерите се преполни и не собираат повеќе ѓубре, па граѓаните отпадот го фрлаат на патеката. Контејнерите се полни бидејќи камионите на ЈП „Комунална хигиена” не ги испразниле според редовната динамика.

    Контејнерите се наоѓаат веднаш до аптека, кафулиња и супермаркет, односно само неколку чекори до тезгите за зеленчук и овошје.

    „Ова е срамота, оттука купуваме јадење, а на само еден чекор има депонија од ѓубре”, рече пензионерка која пазареше во маркетот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира